ПРЕТСТОЕН НАСТАН НА АРС СТУДИО ВО ЧЕСТ НА НЕДЕЛАТА НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК
Арс студио во соработка со Здружението на професори по италијански јазик, Италијанската амбасада во Република Македонија, Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Guerra Edizioni и оваа година организираат настан во чест на Неделата на италијанскиот јазик.
На настанот, свое обраќање ќе имаат врвни домашни и странски професори од областа на италијанскиот јазик.
Настанот ќе се одржи на 19.10.2018 (петок) од 11 часот, во Мултимедијалниот центар на Катедрата за италијански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“ Скопје.
11:00-11:45 – Зошто да се изучува италијанскиот јазик?
проф. Ана Комоди, Универзитет за странци во Перуџа
проф. д-р Александра Саржоска, раководител на Катедра за италијански јазик и книжевност, Филолошки факултет „Блаже Конески“
11:45-12:15 – Пауза/Регистрација на учесници
12:15-14:00 – Меѓународeн семинар за обука на професори по италијански јазик
Насоки за користење на учебниците по италијански јазик "Ragazzi in rete"
проф. Ана Комоди, Универзитет за странци во Перуџа
проф. д-р Радица Никодиновска, претседател на Здружението на професори по италијански јазик
г-ѓа Сара Челини, Гуера Едициони – Перуџа
г-ѓа Тамара Јовановиќ-Нешовска, Арс студио – Скопје
На настанот може да учествуваат сите заинтересирани.