Преубава трудница: Сопругата на Борко Ристовски по костим за капење го покажа трудничкото стомаче (ФОТО)
Познатиот голман Борко Ристовски и неговата избраничка Николина која по потекло е од Куманово, склучија граѓански брак во 2018-та година кога се роди и нивниот син Душан.
Тие пред извесен период со јавноста споделија дека ќе станат родители по втор пат, и дека не сакаат да знаат кој пол е бебето.
- Душан е дете кое е полно со енергија, дете кое знае во пет минути да го ишкрта ѕидот и во следната минута да дојде да ве гушне и да заборавите на сѐ. Заеднички именител на зборовите Душан и помош сѐ уште нема. Душан е задолжен за растурањето по дома а мама за раскревањето. (се смее) - раскажа таа во интервју за Женски Магазин за својата прва радост, синот Душан.
Николина во моментов е на летен одмор со своите најсакани и ужива во бременоста. Секојдневно споделува семејни мигови на својот профил на Инстаграм, а сподели и неколку фотографии по костим за капење каде во прв план е трудничкото стомаче.
Нека ѝ е со лесно!