Животна училница // Приказни
4 години брак како 40: Борко Ристовски и Николина прославија годишнина од брак
Познатиот голман Борко Ристовски и неговата избраничка Николина која по потекло е од Куманово прославија четири години во брак.
Убавата Николина која преферира да биде без шминка, на својот профил на Инстаграм по тој повод, со фотографија од свадбата и интересна порака му ја честита годишнината на својот сопруг, со кој го имаат синот Душан.
Минатата година, Нина за Женски магазин раскажа како започнала нивната љубовна приказна.
- Чувствувам како да сме заедно целиот живот (се смее). Со Борко се запознавме преку заеднички пријатели и се тргна спонтано, сепак од самиот старт врската ни беше сериозна, некако се препознавме и се беше нормално и на свое место.
Сега тие прославуваат четири години брак, а Нина напиша: 4 години брак како 40. Те сакам.
Борко на ова ѝ врати: Сѐ додека смртта не нѐ раздели.