Превенирајте ги болестите преку здрав начин на живот

Добивај вести на Viber

Вечната борба за симнување килограми, одржувaњето идеална тежина и здраво тело не се добива само со интензивно вежбање и потење. Таа борба најпрвин започнува и завршува во кујната. Само доколку правилно се храните и умерено спортувате ќе може да очекувате резултати во вашето тело. Експертите препорачуваат умерена физичка активност три до пет пати во неделата, во времетраење од еден час и балансирана исхрана, богата со протеини и здрави масти.

Како до посакувано тело?

Но, како да се добие тело кое сите го посакуваме кога брзата храна е многу лесно достапна а времето поминато со фамилијата и пријателите секогаш е позначајно од времето поминато во фитнес центар. Во основата на таа борба лежи промената на навиките и поставеноста на умот која ја имаме уште од нашето детство. Мора да научиме, уште како мали деца, што е вистински здраво. Мора да научиме вежбањето да го имплементираме во нашето секојдневие. Да вежбаме секојдневно се додека не ни стане навика која ќе ни донесе поквалитетен живот за нас и за нашите деца. Нашите навики, како што сме ги добиле од нашите родители, така ги пренесуваме на нашите деца. Кога растеше нашата генерација, лошите факти за влијанието врз нашето здравје малку беа помалку познати. Пороците како пушењето, прејадувањето, честата употреба на лекови, не беа доволно гласно потенцирани како опасности по нашето здравје. Затоа, денеска многу од нас живеат со тие стари навики и тешко ги прифаќаме новите. Сепак здравствената свест континуирано еволуира, се повеќе и повеќе се намалува бројот на пушачи, а голем број луѓе бираат органска наместо конвенционална храна. И се повеќе и повеќе млади луѓе се во спортските сали, фитнес центрите или планинарат и џогираат на отворено.

Две третини храна во нејзината оригинална форма

Што е тоа што треба да го направиме за да почнеме да се храниме здраво? Организмот е доволно силен и способен да се избори со одредено количество нездрава храна се додека тоа не му пречи на нормалното функционирање. Генерално доколку здравата храна во нејзината оригинална форма претставува повеќе од две третини од вкупниот дневен внес на калории, телото ќе се избори со остатокот. Какви витамини и минерали треба да внесеме за да му помогнеме на телото во оваа борба со процесираната храна богата со конзерванси и други хемиски агенси? Со цел да обезбедиме алкална средина во организмот, основните витамини и минерали кои треба да ги надополниме се магнезиумот, цинк, витамин Б6 и витамин Ц.  Магнезиумот ги релаксира мускулите, додека витаминот Б6 ја има најважната функција - смирување и опуштање на нервниот систем. Цинкот и витамин Ц се важни антиоксиданси клуч за добар имунитет и енергија за целиот организам. Покрај овие витамини и минерали од големо значење е внесот на пробиотици кои не само што ја подобруваат цревната флора на организмот, туку и помагаат при одредени болести кои се јавиле како резултат на неправилната и неквалитетната исхрана (како дијареа и опстипација).

Пробиотици, витамини и минерали

Истражувањата покажуваат дека пробиотиците можат да влијаат позитивно на алергии, егзема и атопичен дерматит, го подобруваат уринарното и вагиналното здравје, и помагаат во спречување на настинки. Пробиотиците главно функционираат на тој начин што го забрзуваат движењето на храната низ вашите црева и ги заменуваат лошите со добри бактерии. Витамините и минералите во присуство на пробиотици побрзо ќе се апсорбираат и ќе придонесат за создавање на алкална средина во вашиот организам. Целта која треба да ја имате доколку сакате да имате здраво тело, е пред се, да се стремите кон природен баланс на вашиот организам. Доколку не можете да се изборите со стресот на секојдневното живеење, тоа што може да го направите за себе е да го смените начинот на размислување особено во поглед на исхраната и вежбањето. Редовното спортување е најдобро кога претставува задоволство. Не кревајте тегови доколку тоа Ви е напорно и предизвикува стрес на вашето тело. Отидете на прошетка во природа, играјте кошарка или фудбал со пријателите. Почнете боречки вештини - никогаш не е доцна за да се почне со спорт и да се постигнат резултати. Од аспект на исхраната, најважно е да се внесува доволна количина на растителни блакна, пробиотици, витамини и минерали.

Променет ум води кон променето тело

Ако сакате систем кој ќе функционира на долг рок, следете ги овие едноставни правила. Хранете се, пред се, со сурова непреработена или незготвена храна во нејзината оригинална форма. Внесувајте доволно пробиотици и основните витамини и минерали. Наместо да мислите што да не јадете во текот на денот, направете листа на здрава храна која мора да ја внесете во текот на денот и носете ја на работа или спакувајте им ја на децата за во училиште. Верувајте, ќе немате време да јадете брза храна. Најдете спорт кој вашето тело ќе ужива да го прави и за кратко време, ќе ги видите резултатите на вашите изменети навики. Промената на вашето тело доаѓа од промената на вашиот ум. Во некои комбинации со цел да се потенцира позитивното дејство на пробиотиците во однос на стабилизирањето на метаболизмот, подобрување на варењето и засилување на имунитетот, пробиотиците се комбинираат со витамини од групата Б, Ц или Д, екстракти од камилица, нане и цинк (прочитај повеќе на http://www.probalans.mk).

Пишува: Филип Ачкоски, м-р по фармација

* ПР - објава