Прифативме дека сме посреќни како пријатели: Алекса Перовиќ за распадот на неговиот брак (ФОТО)
Шармантниот Алекса Перовиќ, имавме можност да го запознаеме во музичкото натпреварување „Х-Фактор“, во сезоната во која победи нашиот Даниел Кајмакоски. Но, уште поголема популарност, пејачот доби кога се пријави и победи во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Тој како многу млад се ожени со неговата избраничка Милица, со која доби две деца. Иако неколку години живее во мир и хармонија, за што сведочат безбројте фотографии и видеа на нивните социјални мрежи, работите сега се изменети.
Имено, Алекса и Милица на своите Инстаграм профили споделија заедничка фотка, во чиј опис објасни каква е мометалната ситуација помеѓу нив, но и дека во иднина нема да функционираат како маж и жена, туку како пријатели.
„Размислувавме дали е воопшто неопходно нешто вакво да објавиме на Инстаграм. И двајцата климнавме со главата и кажавме дека сепак тоа ни изгледа како најисправна работа.
Нашето семејство во последните осум месеци има поинаква динамика. Повеќе не сме маж - жена двојка, туку партнери - пријатели двојка. Велат дека тагувањето има 5 фази. Ние дојдовме до петтата - кога прифативме дека сме посреќни како пријатели. Верувале или не - нема зла крв, каење и вртење на глави. Има заеднички ручеци, кафе, прослава на празници и пораки кога е нешто навистина важно, смешно, тажно или тргнало по зло. До ова не дојдовме преку ноќ, патот беше посипан со стакло, но навистина многу, многу сакавме да стигнеме таму каде што сме сега. Овој пријателски корен е длабоко во нас.
Нашиот терапевт кажа дека е горд на нас, а да бидеме искрени и ние сме.
Знаеме како луѓето ги гледаат работите: „Ах, беа премногу млади, ах“ - ако работите се гледаат површно и на прва - да. Ако се влезе малку подлабоко, навистина знаеме некои повозрасни кои помалку се снаоѓале во ситуациите кои нас нѐ снајдоа во последните шест години. А, ги имаше. Ние изработивме како возрасни луѓе. Така сакаме и сега. И понатаму ќе се задеваме еден со друг, ќе нѐ гледате заедно на нашите платформи како се поддржуваме еден со друг и како се чудиме што децата одеднаш ни се толку големи, бидејќи нашиот брак не настана имплусивно. Настана од љубов која го промени својот облик. А ние и понатаму ја живееме.
П.С. Ако некој праша, повторно би го направиле истото“ - напишаа на социјалните мрежи сега веќе поранешните партнер Алекса и Милица.
Инаку, интересен факт за оваа двојка што граѓанскиот брак го склучија на многу интересен и опуштен начин - пејачот и неговата избраничка наместо гламур, на овој ден облекоа интересни маички со натпис, а исти такви носеа и нивните сведоци.
фото: Принтскрин / Инстаграм