Приказна од бајките: Ким Кардашијан најмила пијанист да ги буди децата со музика

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан објави видео на социјалните мрежи на кое пијанист свири во дневната соба. „Секое утро за време на празниците пијанистот Филип ќе ги буди децата“, напиша Ким

Божиќните празници се веднаш зад аголот, а Ким Кардашијан (41) се погрижи нејзините деца Норт (8), Псалм (2), Чикаго и (3) Вест (6) веќе да доживеат посебно искуство од сè што следи во месецов.

- Секое утро во текот на декември, пијанистот Филип Кис ќе пушта божиќна музика во нашиот дом за да ги разбуди децата - напиша Ким на социјалните мрежи со видео од пијанистот како свири во дневната соба. 

Покрај тоа што се пофали со пијанистот, таа ја откри и големата дневна соба и украсената голема елка во позадина. Но, исто така стралетата на социјалната мрежа Инстаграм се пофали и дека го положила бејби-бар испитот.

„ОМФГ го положив бејби-бар испитот! Гледајќи се во огледало, навистина сум горда на жената што денес се враќа во одразот“, напиша гордо Ким.


Ким минатиот викенд гостуваше на концерт на Канје Вест (44) и Дрејк (35), каде Канје ја молеше повторно да му се врати.

- Сакам да ми се вратиш, само ти Кимберли - додал стих во песната „Runaway“ Канје, поради што зборот ознака „Кимберли“ моментално е еден од најчестите на социјалните мрежи.

Некои обожаватели се воодушевени од потегот на Канје, додека некои сметаат дека Ким не треба да го слуша, особено што песната наводно е за поранешната на Канје, Амбер Роуз (38).


Фото: Инстаграм-Ким Кардашијан