Принцот Хари и екс-девојката имале емотивен разговор пред венчавката
Кога принцот Хари стапна во брак во саботата, присуствуваа дел од неговите поранешни девојки. Екс-девојките на принцот, Челси Дејви и Кресида Бонас беа меѓу гостите што се собраа во капелата, кога војводата од Сасекс и го кажа судбоносното „да“ на неговата нова жена, Меган Маркл.
Меѓутоа, неколку дена церемонијата, Хари и Челзи се слушнале и тоа бил „плачлив телефонски повик" , известува Vanity Fair.
„Тоа беше нивниот последен повик, разделба во кој и двајцата признаа дека Хари продолжува понатаму. Челси беше многу емотивна во врска со сето тоа, таа беше во солзи и за малку немаше да отиде на венчавката", изјави извор за VF.
Иако Дејви и Хари беа пријатели по разделбата, таа и Бонас не беа поканети на приватниот вечерен прием во Frogmore House.