Принцот Хари и Меган Маркл ја објавија посакуваната листа на свадбени подароци: Несекојдневно барање имаат од гостите
Во објавата на Кенсингтонската палата стои дека принцот Хари и Меган Маркл се одлучиле за седум добротворни установи на кои јавноста може да им уплати донации. Тоа ќе биде воедно и свадбен подарок на секој гостин кој доаѓа на нивната венчавка, која ќе се одржи на 19 мај во дворецот Виндзор.
„Принцот Хари и Меган Маркл се неизмерно благодарни на сите подароци кои уште од објавата на свршувачката пристигнуваат на нивната врата, па сите кои планираат да го направат истото ги замолуваме да размислат за уплата во хуманитарни цели. Парот избра седум добротворни организации кои се занимаваат со низа прашања кои им се навистина важни, вклучувајќи го спортот како облик на општествено вклучување, охрабрување на жени, зачувување на околината, бездомништво, борба против ХИВ, и вооружени сили. Многумина од тие се мали добротворни организации, а на парот му е драго што ќе можат да им помогнат“, стои во официјалното соопштение.
Ваквиот чин колку и да изгледа несекојдневен, не е големо изненадување. Познавајќи ја хуманитарната страна на принцот, но и неговата идна сопруга Меган Маркл вакво нешто јавноста и очекуваше. Веќе неколкупати нагласија дека и двајцата ќе се трудат да го променат светот на подобро и да им помогнат на оние на кои навстина им треба.