Принцот Хари призна што му недостига од животот во кралското семејство: Mногумина ќе бидат изненадени

Добивај вести на Viber

По документарниот серијал „Хари и Меган“, сите со нетрпение ги очекуваат мемоарите на Хари кои ќе бидат објавени на 10 јануари

Документарната серија „Хари и Меган“ крена голема прашина и изгледа ја отвори Пандорината кутија. Војводата и војвотката од Сасекс открија под кои околности живееле во Велика Британија, каков однос имале со другите членови на кралското семејство и низ што поминала Меган Маркл.

Принцот Хари призна дека поради одлуката да ги напушти кралските должности и семејството, изгубил неколку пријатели. Исто така, во документарецот објасни дека се преселил во Монтесито, Санта Барбара бидејќи се променил.

- Се променив до тој степен што ја надминав мојата околина. Затоа, ова беше најочигледното место за доаѓање - рече тој, додавајќи дека тоа е и локацијата каде што веројатно би „живеела“ неговата покојна мајка, принцезата Дијана.

- Има моменти кога бев лут, но не можам да бидам толку лут затоа што искрено чувствувам дека јас - и ние - сме токму таму каде што треба да бидеме - рече тој и додаде:

- Преминавме на другата страна.

Сепак, тој во документарецот потврди дека му недостигаат одредени работи од претходниот живот.

– Ми недостигаат чудни семејни собири кога сите сме некако собрани под еден покрив во, знаете, одреден период од годината. Тоа ми недостига – рече тој.

- Знаете, да се биде дел од институција значеше да се биде во Обединетото Кралство- така што ми недостига тоа, ми недостасуваат моите пријатели -додаде.

View this post on Instagram

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)


Сите со нетрпение го очекуваат објавувањето на долгоочекуваните мемоари на војводата од Сасекс, на 10 јануари.

„Носев многу шешири низ годините, буквално и преносно, и се надевам дека раскажувајќи ја мојата приказна - подемите и падовите, грешките, научените лекции - ќе покажам дека без разлика од каде доаѓаме, имаме повеќе заедничко отколку што мислиме“, рече принцот Хари во соопштението за печатот со кое ја објави својата нова книга, додавајќи дека е „возбуден што луѓето читаат од прва рака приказна за мојот живот што е точна и целосно вистинита“.

Извор: glossy.rs