Принцот повторно ѝ го скрши срцето: На годишнината од бракот, принцезата Шарлин не е дома, причината за тоа е болна

Можеби поранешната олимпијка го замени капчето за пливање со дијадема и Јужноафриканската Република со живот во замок, но таа не живее како принцеза од бајките ...

Во четвртокот, 1 јули, поминаа точно десет години откако принцезата Шарлин од Монако и принцот Алберт Втори од Монако рекоа „да“, но парот не ја одбележа годишнината со голема прослава, па дури ниту со интимна романтична вечера. Тие јавно си честитаа за јубилејот, а Шарлин рече дека е тажна затоа што за прв пат во јули не била со сопругот.

Славната двојка ја делат километри, бидејќи Алберт е дома, а Шарлин е во нејзината родна Јужна Африка. Како што официјално објави палатата на принцот, принцезата страда од инфекција на увото, грлото и носот и неопходно е да помине низ бројни „процедури“, па затоа ќе остане во Јужна Африка на неопределено време. 

Пред една деценија, Шарлин скоро ја откажа венчавката, за која беа издвоени дури 75 милиони долари и која се славеше два дена, а беше напишано дека причината е што се покажало дека принцот Алберт станал татко на уште едно вонбрачно дете. Сега, според странските медиуми, скоро невестата „бегалка“ би можела да биде сопруга во бегство, поради истата причина.

Принцезата Шарлин, која медиумите понекогаш ја нарекуваат најнесреќната принцеза, ја нема во Монако од јануари, а планираните јавни настапи без неа продолжија со Алберт и нивните шестгодишни деца Габриела и Жак. Според Page Six, неодамна се појавија тврдења дека има уште едно вонбрачно дете на принцот Алберт: петнаесетгодишно девојче зачнало во време кога тој и Шарлин се забавувале! 

Наскоро откако се појавија овие озборувања, принцезата од Монако се појави во јавноста со прилично шокантна фризура за благородна жена - со половина избричена глава.

„Таа се потстрижа денот кога дозна“, изјави извор близок до семејството за „Пост“. - Тоа беше радикален потег да му покаже колку лошо се чувствува и колку е страшна веста - барем за неа.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Пет месеци не е во Монако: „Најсреќната“ европска принцеза Шарлин не се враќа од Јужна Африка - која е причината?