Принцот Вилијам е во тајна врска со сосетката од 2019-та година: Сега за прв пат светските медиуми ја пренесоа оваа шокантна вест

Добивај вести на Viber

Фото: James Whatling / MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Повторно се шират гласини дека принцот Вилијам е неверен

Кралската двојка, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, грациозно и достоинствено се соочија со сите скандали и трагедии кои ги снајдоа во изминатите неколку години, дури во последно време се чини дека се посреќни од кога било. Дали е сето тоа само така пред камерите?

Ова не е првпат скромниот принц Вилијам да се најде на насловните страници на таблоидите кои наведуваат дека е во тајна врска, наводно со години, со поранешна блиска пријателка на неговата сопруга.

Овие сомнежи се појавуваат во медиумите од 2019-та година, иако никогаш не беа демантирани или потврдени.

View this post on Instagram

A post shared by (@carasmexico)


Во центарот на овие гласини е семејна пријателка, нивна сосетка, мајка на три деца и жена која раководи со неколку хуманитарни здруженија.

Маркизата од Соломондејл, Сара Роуз Ханбери, живее во Норфолк, а познато е дека Кејт ја исфрлила од својот круг пред неколку години, па престанала да се појавува на одредени јавни настани кои порано не ги пропуштала.

Сара Роуз Ханбери на 15-ти март ќе го прослави својот 39-ти роденден, а се знае многу за нејзините врски со британскиот двор. Нејзината баба, Лејди Елизабет Ламбард беше една од деверушите на свадбата на покојната кралица Елизабета која се одржа во 1947-та година.

Сара има три деца во бракот со Дејвид Шоломондели: 13-годишните близнаци Александар и Оливер, како и седумгодишната ќерка Ајрис.

Нејзиниот сопруг во Холивуд е познат како Дејвид Роксавиџ, работи како режисер и актер, а постар е дури 24 години од сопругата со која застана пред олтарот два дена по свршувачката, а еден ден откако мајка ѝ дозна дека е бремена а и носи близнаци. Иако се шпекулираше дека се разведени, тоа до ден денес не е потврдено, но многумина мислат дека на тој брак му пресудил токму принцот Вилијам.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон цел живот се движат во исти кругови, а магазинот „The Sun“ ги започна овие гласини пред неколку години, па ги наведоа сличностите и разликите меѓу нив.

Скандалот повторно се најде на насловните страници кога британските таблоиди наводно открија дека принцот Вилијам го поминал Денот на вљубените со Роуз. Наводно љубовниците поминале романтичен одмор на вечера во луксузен италијански ресторан во Лондон, а тој ѝ подарил - бисерно ланче.

Иако за оваа афера се пишуваше одвреме-навреме повеќе од четири години, до сега немаше докази дека принцот навистина ѝ бил неверен на својата сопруга.

Извор: stil.kurir.rs