Моден фокус // Трендови
Принцот Вилијам ненамерно го откри полот на детето и името на синот кој чека да се роди секој момент
Како што пишуваат британските медиуми, принцот Вилијам случајно го откри полот на детето кое го очекува со Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Имено, принцот Вилијам се пошегувал дека името на детето ќе го крсти по Џек Грелиш, фудбалер од клубот на Астон Вила, чиј голем обожавател е тој.
-Ќе морам да инсистирам бебето да се вика Џек - рекол принцот Вилијам и после неколку секунди додал: „Или Џеки“...
Тој ова го кажал во текот на следење натпревар на кој Џек Грелишо и неговиот тим го победиле Кардиф на шампионатот во вторникот.
Секако, ова може да биде шега или последица на воздбудата по добиениот натпревар.
Војвотката само што не се породила, па наскоро ќе дознаеме и како ќе се вика бебето.