ПРИРОДНО И ЕФИКАСНО: Избелете ги забите по примерот на Џулијан Хју

Добивај вести на Viber

Актерката Џулијан Хју објасни како успева да има блескава насмевка. 

„Забите ги избелувам со помош на паста од куркума која сама ја правам”- открила актерката. 

Освен куркума, за оваа чудотворна паста ви е потребна уште една состојка, а тоа е кокосовото масло. Сè што треба да направите е да помешате една лажичка кокосово масло и прстофат куркума, а потоа ваквата смеса да ја нанесете на четката и со неа да ги измиете забите. Оставете да отстои пет минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Пастата може да се користи 2 до 3 пати дневно, а видливи промени може да ги очекувате по еден месец. Додава дека куркумата не само што ќе ги избели вашите заби, туку ќе ги направи и поздрави и поотпорни на бактерии.

За разлика од хемиските избелувачи, куркумата и кокосовото масло ќе ја извршат својата работа без да ѝ наштетат на вашата усна шуплина.