Пробајте ја оваа утринска диета: Намалете до 10 килограми за 30 дена
Појадокот е најважен оброк бидејќи тој ја обезбедува потребната енергија во текот на целиот ден, па затоа диетата која многу дами ја практикуваат, а е наречена „Големиот појадок“ od Даниела Јакубовиќ, буквално се залага за реализација на изреката „Појадувај како крал, ручај како принц, а вечерај како сиромав“.
Во својата книга „Диетата на големиот појадок“ Јакубовиќ тврди дека појадок од 600 до 850 калории пред 9 часот наутро драстично ќе поттикне слабеење и ќе ги урамнотежи хормоните, а ќе ги согори масните наслаги.
-Обилен појадок ќе го „запали“ метаболизмот, но клучно е појадокот да биде богат со протеини и влакна. Ако се придржувате до сите правила на диетата, за 30 дена може да симнете и 10 килограми, а истовремено да си јадете сладолед, пица и намирници кои другите диети не ги дозволуваат, вели таа.
Кај строгите верзии на Диетата на големиот појадок“ за појадок се внесуваат околу 600 калории, а за ручек и вечера до 300 калории, иако постојат и помали ограничувања на верзијата на диетата.
-Појадокот е важно да се јаде 15 минути по станувањето. Дури и оние кои не чувствуваат глад наутро, после две недели ќе се прилагодат и ќе бидат гладни-истакнува таа.
Што можете да јадете?
Секој ден почнува со обилен појадок и барем половина час за уживање во него. На пример појадокот кој авторката го истакнува се состои од омлет со 3 белки, 50 грама сирење, 50 грама шунка, зеленчук, половина мафина со сирење, снегулки од пченка со 200 мл млеко, смути од јагоди и чоколадни колачи.
Од ден во ден појадокот треба да се состои од седум порции протеини меѓу кои се две порции млечни производи, две порции јаглехидрати, две порции масти и една порција слаток десерт.
Ручекот се состои од три порции протеини, три порции нискокалоричен зеленчук, две порции зеленчук со скроб и една порција овошје. Вечерата се состои од три порции протеини, две порции зеленчук со скроб и две порции овошје.
Фото:Freepik