Пробиотици во бременоста - Зошто на бремените жени им се потребни пробиотици
Корисниот ефект на добрите бактерии, односно пробиотиците, е таков што секој од нас има потреба од истите. Помагаат при различни дигестивни проблеми, а доброто варење е клучно за целокупната рамнотежа на организмот. Дигестивниот систем има големо значење за здравјето и правилното функционирање на организмот.
Бременоста целосно го менува животот на жените, од навики и однесување, до начин на исхрана и сето тоа влијае на телото, а со тоа и на рамнотежата на цревната микрофлора, како и на целокупната рамнотежа на организмот. Затоа дигестивните проблеми кај бремените жени се чести.
Покрај тоа, за време на бременоста, најголемата промена што се јавува е во хормоналните мапи на телото што резултираат со често менување на расположението, па дури и депресија. И врз овие несакани промени пробиотиците имаат позитивно влијание. Докажано е дека пробиотскиот јогурт Баланс+ има позитивен ефект врз одржување на рамнотежата во дигестивниот систем и со тоа индиректно помага да се зголеми чувството на среќа и задоволство!
Но, консумирањето пробиотици во бременоста носи и други придобивки, а најмногу се одразува врз состојби како несакани ефекти од антибиотици, синдром на нервозно црево, помош при воспаление на цревата, егзема, атопичен дерматитис.
Сепак, често се поставува прашањето дали и колку е безбедно консумирањето пробиотици во бременоста.
Според Американската национална библиотека за медицина, како и Американскиот национален институт за здравство, пробиотиците за време на бременоста се веројатно сосема безбедни, бидејќи досегашните податоци покажуваат дека додатоците на пробиотици ретко се апсорбираат во организмот. Затоа многу лекари, фармацевти и нутриционисти сметаат дека пробиотиците се целосно безбедни и ги препорачуваат на бремени жени.
Блажената состојба бара посебен вид грижа за телото, така што е јасно дека исхраната треба да е што е можно повеќе природна и здрава. Затоа бремените жени почесто се потпираат на пробиотици од кујната отколку на оние од аптеката, заради нивната природност и лесната достапност. Производ од кујната којшто е вкусен и природен извор на пробиотици и што помага да се постигне и одржи рамнотежата на организмот во бременоста, е Баланс+ јогуртот. Влијанието врз позитивните процеси на организмот од консумирањето на функционалниот јогурт Баланс+ е докажано и со клиничка студија, при што е потврдено дека овој јогурт го помага варењето на храната, го забрзува метаболизмот и со тоа има позитивен ефект врз целиот организам, што е особено погодно за бремени жени кои не сакаат бременоста да резултира со слаб метаболизам и вишок тежина, што е честа последица.
Пробиотиците се само почеток на патот кон постигнување рамнотежа во бременоста, но сепак неопходна е и друга, корисна храна и навики за здравјето на бремената жена. Редовните прегледи за време на бременоста, внесот на доволно вода и други течности, како и потребните витамини, минерали и растителни влакна се, исто така важни за рамнотежата на организмот за време на бременоста и здравјето на мајката и бебето.