Проблеми со самодоверба за два знака: За Стрелците стигаат непријатни вести

Добивај вести на Viber

Ви откриваме што ве чека на работа, во љубовта, ќе се согласувате ли со семејството, како ќе ви служи здравјето.

РАК

Го започнувате денот секогаш исполнети со енергија. Вие сте невообичаено креативни и вашата самодоверба се заканува дека ќе прерасне во ароганција. Задржете ја еуфоријата затоа што кога ќе се одлучи нешто важно, ќе ви требаат мислења на луѓето кои сега не ги почитувате. 
Еден ваш близок не ги разбира вашите емоционални испади, па затоа е подобро да ги оставите сериозни дискусии за понатаму.

СТРЕЛЕЦ

Доаѓаат непријатни вести. Идејата што ја имате за вашето семејство станува непрактична со овој пресврт. Ги измешавте работата и личниот живот и дозволивте семејните проблеми да ги решаваат вашите соработници. 
Непријатни изненадувања се можни дури и од најблиските, особено на љубовен план.

РИБИ

Може да играте значајна улога и да го ублажите несовладливиот јаз помеѓу членовите на вашето семејство. Ова ќе го подобри вашето расположение и ќе ја поврати вашата самодоверба, со која имавте проблеми и ве вознемируваше во минатото. Можеби ќе забележите дека некој се обидува да ви даде одличен предлог, но вие не реагирате засега.