Утринско кафе со Слободанка Миовска: Се релаксирам на Водно и уживам да патувам
За секоја работа, па дури и за извршување на рутински активности е потребна физичка кондиција и голема енергија, но според мене пресудна е чиста мисла и отворен ум. Без предрасуди да се пристапува кон секојдневните обврски. Телекомуникациите се исклучително динамичен сектор, бидејќи новините се секојдневни. Потребите за комуникација на корисниците постојано се менуваат, а ние постојано се прилагодуваме кон нив. Во почетоците на мојата кариера преовладуваа понуди кои се фокусираа на повици и СМС-и, а сега фокусот е на интернет сообраќајот и понудите кои нудат целосно решение за бизнис корисниците. Тука не застануваме, како што е веќе познато, Вип е дел од групацијата А1 Телеком Австрија и како резултат на ребрендирањето ќе стане дел од семејството на брендот А1. Со тоа Вип ќе стане дел од водечкиот давател на дигитални услуги во Југоисточна Европа кој има 25 милиони корисници и компанија која цели кон тоа да го олесни секојдневното дигитално живеење на корисниците, како и да им го направи попродуктивно и, се разбира, попријатно.
Оттука станува збор за исклучително област која динамично се менува и професија која бара максимална концентрација и неограничена посветеност во градењето релации со корисниците врз основа на доверба и исполнителност. Затоа денот го почнувам здраво и енергично, чинија полна со овошје и се разбира утринско кафе за енергија и тоа во Вип кафетеријата во друштво со колегите кои ме полнат со позитивна енергија. Така почнува секој ден во кој ме движи моето мото дека дадениот збор мора да се одржи.
Добар продавач е поприлично екстровертен, секогаш позитивен, остроумен и многу трпелив човек кој има солидно познавање на бизнис сегментот во земјата воопшто. Нашата работа е на терен, нашата канцеларија е онаму каде што се нашите корисници бидејќи бизнисот не доаѓа кај нас туку се бара. Токму поради ова работниот ден е прилично динамичен и исполнет со многу состаноци се со цел да обезбедиме услови за врвно корисничко искуство. Корпоративната продажба е комплексен сегмент кој бара многу голема посветеност, персонализиран пристап, брзо донесување на одлуки и секојдневно соочување со бројни предизвици. Во принцип работам по однапред дефинирана агенда, во која секогаш има време за нешто “непланирано”. Follow up на активностите на дневна основа е must. Поприлично динамично, но сето тоа ми годи затоа што го работам она што го сакам.
Во секоја професија и за секој професионалец секогаш има предизвик во работата што ја работи без разлика колку е добар во тоа. Секогаш има нови можности па оттука и неизбежна е провокацијата и желбата за целосно посветување на работата и “бркањето” резултат. Успехот тогаш е загарантиран. За нас, кои доаѓаме од секторот продажба, обично велат дека е потенцирана желбата за индивидуален резултат, но јас на тоа гледам од другата насока - тимската работа која ја негуваме во компанијата го носи нашиот резултат и како поединци и како тим. Затоа секогаш, секоја затворена продажба ја прославуваме заеднички и за мене нема поголем мотив од опкружување со среќни лица.
Оние кои подобро ме познаваат ќе речат дека сум енергична личност, постојано во движење и во трка со времето. Иако е така мојот живот и не се разликува од оној на младите луѓе. Сакам да го минувам времето во добро друштво во некој од скопските кафулиња, а особено ми се драги седенките со моите пријатели во мојот дом кога знам и да им подготвам некој рибен специјалитет и со убаво вино да разговараме до доцна во вечерните часови. Никогаш не се откажувам од одржувањето на мојата физичка кондиција и затоа активно вежбам фитнес веќе 9 години, планинарам и се релаксирам на Водно. Уживам да патувам и затоа оваа година Занзибар е мојата дестинација.
Катчето за комплетно опуштање е мојот дом. Добар филм е секогаш опција додека викендите, ако не патувам, пијалок во добро друштво се секогаш посакувана опција.
* Слободанка Миовска, раководител на одделот за корпоративна продажба во Вип