Продолжено детство: Интересно истражување за луѓето родени во септември
Истражувањата на американските научници покажале дека децата кои тргнале во училиште една година подоцна бидејќи се родени во септември, биле во предност во однос на децата кои тргнале подоцна.
Студијата објавена во Националното ниво за економски развој покажала дека таквите деца имаат подобар когнитивен развој.
Научниците истражувале повеќе од 1,2 милиони деца на Флорида, на возраст од 6 до 15 години,родени во сите месеци.
Резултатите покажале дека децата родени во септември не само што имале подобри резултати во училиште, туку можеле да запишат и подобар факултет.
Научниците ги земале предвид и другите социо – економски фактори кои можат да придонесат за детскиот развој, како што е образованието на мајката, етничката припадност и материјалната состојба.