Професорот Џон Бел од Оксфорд е сигурен: Кога и како ќе заврши пандемијата со коронавирус
Професор од Оксфорд открива кога животот
конечно би можел да се врати во нормала.
Пандемијата со коронавирусот трае скоро една година и
сите со нетрпение го чекаме неговиот крај и времето кога животот ќе се врати во
нормала.
Се прават многу истражувања со надеж дека светот наскоро ќе ја добие
вакцината. Компанијата „Фајзер“ вчера објави дека нивната вакцина, која сè уште
е во фаза на тестирање, е 90 проценти ефективна против ковид, а професорот од
Оксфорд, Џон Бел, верува дека благодарение на тоа, светот би можел да се
врати во нормала на пролет.
„Јас сум првиот што, самоуверено ќе кажам дека, животот ќе се врати во нормала до пролет. Да, да, да", рече ценетиот професор имунолог Бел.
Неговиот универзитетски колега, професорот Питер Хорбај, се придружи на
овие оптимистички тврдења и рече: "Се почувствував олеснето кога ги видов
резултатите. Ми се чини ова е добар знак и пресвртница", рече Хорбеј.
Вакцината досега е тестирана на повеќе од 43.000 волонтери, од кои 38.955 ја примиле втората доза на 8 ноември.
Инаку се работи за вакцина која ја развија брачниот пар имигранти од Турција.
извор:stil.kurir.rs