Oд трње до ѕвезди: Брачен пар имигранти од Турција развија вакцина против ковид-19

Добивај вести на Viber

Брачниот пар влева надеж во борбата против коронавирусот.

Светот е пред прагот на многу важна победа над коронавирусот, а светските медиуми во моментов зборуваат за брачната двојка која стои зад откривањето на новата вакцина.

Велика Британија веќе нарачала 40 милиони дози вакцина „Фајзер“, за која, се тврди дека има успешност од 90 проценти. Иако „Фајзер“ го финансира истражувањето, технологијата е во сопственост на германската компанија БиоНТек, која е основана од професорот Угур Сахин и неговата сопруга Озлем Туречи.

До крајот на месецот, се очекува парот да добијат одобрение за масовно производство и дистрибуција на вакцината.

Сахин е роден во Турција, а како дете се преселил во Германија каде што неговите родители работеле во фабрика за автомобили. Само што завршил медицина во Германија, станал професор, но исто така и истражувач фокусиран на имунотерапија.
Додека работел како лекар, се сретнал со неговата колешка Озлем Туречи, која исто така потекнува од Турција. Таа е ќерка на доктор кој мигрирал во Германија и заедно го истражувале имунитетот како главен фактор во борбата против ракот.

Пред 19 години, тие ја основаа компанијата „Ганимед Фармацевтикалс“, со цел да развијат антитела за борба против ракот, а во 2016 година, тие ја продадоа компанијата за дури 1,4 милијарди долари.

БиоНТек е основана во 2008 година и работи на развој на алатки за имунотерапија против карцином, а Фондацијата Бил Гејтс инвестираше дури 55 милиони долари во нивната компанија која работи на програми за ХИВ и туберкулоза.
Сахин и Озлем се на списокот на 100-те најбогати Германци.


извор:novosti.rs