Прогласени најсекси патиките на светот: Меган Маркл ги прослави
Меган Маркл е една од најголемите модни инфлуенсерки. Нејзиниот стил постојано се коментира и Војвотката од Сасекс привлекува внимание каде и да се појави. Доказ за влијанието што го има во модната индустрија се и патиките Veja V-10. Белите унисекс патики прогласени се за најпопуларни и најсекси обувки во 2018 година, откако, се разбира, прва ги „прошета“ Маркл.
Меган ги промовира лани на патувањето со Принцот Хари во Сиднеј. Истиот ден пребарувањето на овој модел на „Гугл“ порасна за 118 отсто. Луѓето беа воодушевени од едноставниот дизајн, фактот дека се унисекс, но и од цената (150 долари) која не е недостижна, поготово ако ги носи Маркл.
Францускиот бренд кој е омилен и на актерката Ема Вотстон и на топ-моделот Емили Ратајковски, првпат претстави сличен модел во 2004 година. Основачите на Veja нагласуваат дека патиките се комплетно од органски и природни материјали.