ПроКредит Банка овозможи електронско отворање на орочен депозит
Во месецот на штедење, кога сите граѓани се насочени кон избор на најповолна опција за пласман на своите заштеди, ПроКредит Банка им овозможи на своите клиенти отворање на депозит директно преку нивното е-банкарство. Со оваа опција, клиентите имаат комплетна флексибилност, сигурност и дискреција при раководење со своите лични финансии и не зависат од работното време на филијалите за креирање на навика за штедење.
Како прва и единствена дигитална банка на пазарот ПроКредит Банка континуирано инвестира во модерни и иновативни технологии со цел да им овозможи 24/ услуга на клиентите. Покрај оваа поволност, со новото електронско банкарство клиентите на банката може сами, во секое време да ја блокираат својата картичка при итни ситуации и да бидат сигурни дека истата нема да им биде злоупотребена од трети лица. За повеќе информации прочитајте тука.