Здравје // Совети
Пролетта е сезона на алергиите: Помогнете си со намирници од кујната
Сите се радуваме на пролетта, периодот кога се цути и разеленува, но за жал и овој период си има маани, па така со него доаѓаат здодевните алергии. Еве како да си помогнете природно во домот, наместо да се труете со антибиотици.
Користете масло од ким кое има силни имунолошки својства, и делува превентивно. Право време да почне да се користи е пред алергиите.
Копривата исто така помага и може да ја користите два месеци пред почетокот на сезоната. Пијте чај од коприва.
Етеричните масла исто така ќе ве заштитат од алергии. Лавандата, еукалиптусот, нането и ѓумбирот се особено препорачливи.