Промотивна дружба со Јана Мишо за „Како се оди во Париз“

Добивај вести на Viber

По успешната презентација во рамките на 30. издание на Саемот на книгата, водичот на Јана Мишо промовиран и во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“ во присуство на македонските модни блогерки и во париски амбиент.

Инспирација за прирачникот и дневник за патување е блог-постот на Мишо, со истиот наслов – „Како се оди во Париз“. Тој е наменет за сите што сакаат да собираат спомени, да запишуваат, да водат дневници, споменар, да лепат фотографии, да чуваат билети, сметки, исечоци, сите љубители книги, на уметност и сите што сакаат уште ова да го стават во куфер.


- Просторот за водење дневник на патувањето е поделен во поглавја, зашто го замисливме како лична книга на секој што ќе запишува. Особено се радувам на мапата на спомени, каде што можат да се означуваат посебни моменти со бројки, па вообичаените простори за списоци за пакување, купување, лепење фотографии и билети и плус цитати од „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“, за да го заокружат доживувањето. Сите совети во Прирачникот се практични и важни, а мене омилен ми е „читај книга со Париз“. Открив дека кога ќе прочиташ книга за француската метропола пред да заминеш таму, тоа неверојатно го подобрува искуството. Одушевувачки е кога ќе застанеш на местото за кое претходно пишувал некој. Тоа, и би ги советувала да не купуваат ајфони од Пигал! – вели Јана Мишо.