Промотивна понуда за новите корисници на Неотел 50 % попуст на претплатата до крајот на годината

Добивај вести на Viber

Неотел ви ја претставува најновата понуда за супер брз интернет! Почнувајќи од 1 септември, искористете ја можноста и добијте 50 % попуст на месечната претплата до крајот на годината.

Сите нови корисници што ќе склучат договор за некој од интернет-пакетите за време на промоцијата ќе добијат 50 % попуст на месечната претплата до крајот на годината, а оние што ќе склучат договор за некој од пакетите со вклучена телевизија НеоТВ, покрај попуст на претплатата, може да активираат дополнителен ТВ-пакет по избор (Балкан+ или Дигиталб бејзик) бесплатно до крајот на годината.

Промоцијата на интернет-пакети ќе биде достапна и за сите нови бизнис-корисници кои имаат потреба од квалитетен и стабилен интернет по пристапни цени.

На задоволство на многу корисници, во изминатиот период безжичната мрежа на Неотел беше проширена во уште неколку градa во Македонија (Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Охрид, Битола, Велес, Куманово и Струмица), кои ќе добијат можност за едноставен и брз пристап до интернет преку најсовремената ЛТЕ-технологија.

Неотел и понатаму продолжува постојано да инвестира во воведување нови технологии и проширување на мрежата, со цел корисниците да ги добијат најдобрите услуги по пристапни цени.

Дознајте повеќе за атрактивната понуда на интернет-пакети од Неотел овде.