Пронајдете инспирација во стилот на облекување на познатите дами: Женствени и во костим (ФОТО)
Уште од првите колекции на Коко Шанел во 1920-тите, жените
носат сакоа. Во почетокот тоа
беа струкирани модели кои ја следат женската фигура и ги истакнуваат
атрибутите, а со текот на времето дамите почнаа да ги усогласуваат со панталони
и „мажествено“ да ја истакнуваат својата сексипилност.
Костимите во последните години се многу вообичаен избор на познатите жени - од дизајнерки, актерки до членови на кралските дворови и се одлична инспирација за жените ширум светот. Можете да изгледате елегантно во костим и со патики и салонки, како што ги носи оскаровката Кејт Бланшет или шпанската кралица Летиција.
Со кошула и предимензиониран модел како Викторија Бекам, можете да изгледате совршено на деловен состанок, но и доколку планирате вечера.
Victoria Beckham's winter look features bright red "optical illusion pants." Thoughts? https://t.co/G6QFojFRZN pic.twitter.com/osquPz2U78
— W Magazine (@wmag) November 28, 2018
Најновиот тренд е троделниот костум со елек, кој наместо блуза го носеше актерката Маргот Роби.
OMG MARGOT ROBBIE pic.twitter.com/GsPSIf2vy3
— ִֶָ (@safemargot) September 18, 2022
Неодамна доби комплименти од модните критичари во Њујорк за изборот на панталони со шлиц, кои паѓаат преку потпетици, и припијен елек и сакопрефрлено преку нејзините раменици.
– Ефектот е ист како во провокативен фустан – пишува „Харперс базар“.