Животна училница // Приказни
ПРОВЕРЕТЕ ГИ СМЕТКИТЕ, МОЖЕБИ ВИ ЛЕГНАЛЕ ПАРИ: Исплатена е финансиската помош
Министерството за труд и социјална политика информира дека финансиската помош за месец февруари согласно Законот за финансиска поддршка е исплатена. Во оваа група на исплати спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари.
Финансиската поддршка за корисниците опфатени со овој закон, изнесува 2.000 денари месечно за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители кои се корисници на гарантирана минимална помош, за период од пет месеци и истата започна да се исплаќа од месец декември 2023 година.
Повеќе за информацијата на Фактор.