Прв ден на работа после породилно: Милена Антовска се успа и ѝ претече кафето (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Годинава на празникот Василица, еден ден по нејзиниот роденден, водителката од „Канал 5“ Милена Антовска- Станковска ја роди втората ќерка Јоана. 

Тогаш таа за Женски магазин раскажа дека второто породување било доста потешко од првиот пат, а причината била тоа што во моментот кога ја родила Јоана, таа била заразена со Ковид 19.

Тогаш Милена изјави дека треба да се врати на работа во октомври, и тоа навистина го исполни. Имено породилното отсуство ѝ заврши, а денеска беше нејзиниот прв работен ден кој не почнал баш најсјајно:

- Прв ден на работа после породилно... прво се успав прв пат во живот, па после ми искипа кафето. Лош или добар знак?

По царскиот рез ѝ е потешко да го намали стомакот и тежината, но сепак е горда и задоволна, бидејќи како што истакна има две дечиња и сопруг кој, како што наведе таа бил приморан да ја фотографира.

Лана Марија, нејзината постара ќерка од бракот со Гордан, во август наполни пет години.