Ги дувна свеќичките покрај двете наследнички: Милена Антовска со емотивни зборови му го честиташе роденденот на сопругот

Добивај вести на Viber

Познатата водителка на утринската програма на Канал 5 телевизија, Милена Антовска Станковска со прекрасна фотографија му го честиташе роденденот на својот сопруг Гордан.

Имено со преубава торта на која гореа свеќички со број 38, и во прегратка на двете слатки ќеркички, сопругот роденденски расположен позира.



- Среќен роденден на најдобриот татко. Да си ни жив и здрав уште многу години. Те сакаме - напиша водителката.

Инаку неодамна сподели фотографија од бикини и откри дека не е задоволна од моменталната тежина што ја има после второто породување.