Не сум задоволна од моменталната тежина, ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме фотка: Водителката Милена искрена
Познатата водителка на утринската програма на Канал 5 телевизија, Милена Антовска Станковска која е една од омилените јавни личности во јавноста, особено поради нејзината природна убавина, насмевката и искреноста со која зрачи сподели фотографии од неа на која таа е во бикини. Покрај објавата водителката истакна дека по раѓањето на втората ќерка, Јоана, по царскиот рез ѝ е потешко да го намали стомакот и тежината, но сепак е горда и задоволна, бидејќи како што истакна има две дечиња и сопруг кој, како што наведе таа бил приморан да ја фотографира.
„Искрено се двоумев дали воопшто да постирам фотографии од мене ова лето затоа што не сум задоволна од моменталната тежина и стомакот кој никако да ми спласне после раѓањето на Јоана. Навикната сум цел живот да имам убав рамен стомак, ама после царскиот рез и зголемениот апетит ќе почекам малку.
Ама гајле ми е затоа што си имам две златни дечиња и сопруг што беше приморан да ме фотографира.
Не направив никакво едитирање, додадов само малку боја на фотографиите“, напиша Милена покрај објавата.
Водителката пред еден месец за Женски магазин раскажа дека второто породување било доста потешко од првиот пат, а причината била тоа што во моментот кога ја родила Јоана, таа била заразена со Ковид 19. И за првпат во јавноста, тогаш Милена сподели фотографија од малата Јоана, на која бебенцето ужива во прегратките на својата постара сестра.
Можеби ќе е интересира:
(ФОТО) Како близначки: Водителката Милена и Лана Марија во иста комбинација