Прв пат го покажа трудничкото стомаче: Луна Џогани ужива во бременоста - танцува и не ја симнува насмевката од лицето!

Со ова видео ги запали социјалните мрежи

Неодамна Луна Џогани и Марко Миљковиќ преку Инстаграм споделија со своите следбеници дека Луна е бремена и дека нивното семејство се проширува за уште еден член.

Парот објави дека нивната наследничка Миа ќе добие сестра.

- Миа добива сестра. Ни доаѓа уште една шмизла. Ти благодарам Боже за уште еден благослов. Дознав дека сè е во ред со моето бебе – напиша Луна кратко на Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Luna Djo Miljkovic (@luna_djogani)


Откако јавно ја споделија оваа прекрасна вест, Луна не беше изложена на медиумите и до сега не беше активна на социјалните мрежи.

@lunadjomi  #fyp Originalton - Zera

Ријалити ѕвездата на својот профил на Тикток објави видео на кое може да се види како танцува и ужива во бременоста. Имено таа носи пократка маичка, па нејзиниот труднички стомак е во преден план. Објавата собра само позитивни коментари.


Извор: www.sd.rs