Прва доза АстраЗенека, втора доза Спутник V: Руската вакцина е најслична на АстраЗенека, вели професорот Пановски
Овие денови се очекува Европската агенција за лекови (ЕМА) да се произнесе во врска со тоа дали ќе продолжи имунизацијата со вакцината од британско-шведскиот производител, АстраЗенека, или употребата ќе биде стопирана. Во текот на вчерашниот ден, шефот на одделот за вакцини во ЕМА, Марко Кавалери, потврди дека случаите на згрутчување на крвта кај исклучително мал процент граѓани од повеќе земји се поврзуваат со примената вакцина, но дополнително, како што рече, ќе треба да се утврди зошто е тоа така, па ќе го соопштат нивниот став.
Истовремено, Окфорд соопшти дека е запрена и употребата на клиничките испитувања на АстраЗенека кај децата и возрасните во очекување на нови информации од ЕМА.
Дел од граѓаните во Македонија, кои масовно се вакцинираа во Србија пред речиси две недели се интересираат дали ќе бидат ревакцинирани во земјава и дали втората доза ќе биде од АстраЗенека.