Првата дама Елизабета и претседателот Стево Пендаровски модно усогласени на гости во Хрватска (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Шефот на државата Стево Пендаровски е во дводневна официјална работна посета на Хрватска. 

Со него, е и првата дама и негова сопруга Елизабета Ѓоргиевска.

И двајцата, Стево и Елизабета на пречекот од страна на претседателот на Република Хрватска Зоран Милановиќ и неговата сопруга, Сања Мушиќ Милановиќ беа модно усогласени.

Нашата прва дама пристигна облечена во едноставна, но свечена комбинација во сина боја која ја надполни со салонки во беж боја. Од друга страна претседателот Пендаровски носеше елегантен костумот и кравата во сина боја модно усогласена со бојата на нејзиниот комплет.


Хрватската прва дама на себе имаше розе здолниште во А крој и салонки во иста боја искомбинирани со плава блуза, а на нејзината модна комбинација изгледа се посветил и претседателот на Хрватска кој пак избрал розева кравата за да бидат модно усогласени.

„Со г-ѓа Сања Мусиќ Милановиќ, сопруга на хрватскиот претседател, го посетивме ателјето и мултимедијалната изложба „Муртиќ 100“.



Прекрасна можност да се види дел од фасцинантниот опус кој опфаќа стотици слики, скулптури, мозаици, мурали, театарски сценографии...“ - напиша на Инстаграм Елизабета Ѓоргиевска.


Утрово, пак првата дама се сретна со нејзини колеги, професори на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот во Загреб. „Долги години соработуваме и како поединци и како институции, а плод на таа соработка се многубројни заеднички научни проекти, трудови, книги...“ - напиша Елизабета на Инстаграм а за таа пригода се одлучила за елегантен но едноставен фустан во виолетова боја.

View this post on Instagram

A post shared by Elizabeta Gjorgievska (@elizabetagjorgievska)


Фото: Официјален профил -Претседател Стево Пендаровски/Инстаграм официјален профил Елизабета Ѓоргиевска