Првата фотографија од Немања и Анастасија по загубата на бебето: Прегратката од Будимпешта покажува сѐ

Добивај вести на Viber

Анастасија излезе на терен да ги помине овие убави моменти со својот партнер Немања.

Немања Гудељ и Анастија Ражнатовиќ пред неколку дена го загубија своето бебе. Српскиот фудбалер само неколку дена потоа имаше многу важен натпревар со својот клуб.

Неговата Севиља го одигра финалето на Лига Европа против Рома во Будимпешта. Немања и покрај се‘ што им се случи, успеа да го освои трофејот и да биде еден од најдобрите на теренот.

Анастасија цело време го бодреше својот сакан од трибините на стадионот, што сигурно беше дополнителен ветер во грбот на играчот на теренот.

По натпреварот, додека играчите на шпанскиот тим ја славеа победата, на теренот од трибините на стадионот се спушти и пејачката Анастасија.

Таа и Гудељ заедно се прегрнаа на теренот за да го прослават триумфот на Немања, Севиља и покажаа дека нивната љубов во овие тешки моменти е посилна од било кога.

Мајката на Анастасија, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која Немања и Анастасија се гушнати на теренот. 

- Убави мои - напиша Цеца со оваа фотографија и остави емотикон срце.


Фото: Youtube - screenhsoot/Инстаграм