Први фотографии од Данијела Мартиновиќ во прегратките на инспекторот кој ѝ го освои срцето
Данијела Мартиновиќ за прв пат беше фотографирана во јавноста со своето ново момче Јосип Плавиќ.
Срцето на пејачката Данијела Мартиновиќ (51) го освои криминалниот инспектор Јосип Плавиќ (49), а парот сега првпат е фотографиран заедно во јавност.
*Овој моќен маж направил Данијела да го заборави Петар Грашо: Врската ја почнале на необичен начинФотографите ги фатија додека се шетаа низ Загреб во прегратка и постојано се смешкаа упатувајќи си љубовни погледи.
ФОТО: Инстаграм принтскрин Глориа.хр
„Првата средба се случи пред околу една година, кога адвокатот поднесе пријава за кражба на идентитет во мое име преку Интернет. Случајот брзо беше решен, а потоа нашата приказна почна да се развива. Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, погледи за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа“, изјави Данијела, додавајќи дека нивната љубовна приказна наликува на филмско сценарио.
„Поминуваме низ многу убави моменти за кои во иднина секако ќе се изразам во литературата бидејќи сакам оваа приказна да остане забележана во книга“, истакна пејачката.
Како што дознава Слободна Далмација, Јосип имал еден брак во кој добил ќерка, а со поранешната сопруга е во добри односи. Освен што работи како инспектор, Јосип е дел и од бендот „Изван Закон“, во кој свири гитара и пее придружни вокали .
Данијела зад себе ја има долгогодишната врска со Петар Грашо и бракот со Марко Перковиќ Томпсон.
ФОТО: Инстаграм screenshot