Овој моќен маж направил Данијела да го заборави Петар Грашо: Врската ја почнале на необичен начин
Откако раскина со Петар Грашо, пејачката Данијела Мартиновиќ не сакаше да зборува за својот љубовен живот. За тоа време нејзиниот поранешен партнер се ожени со Хана, ќерката на Тончи Хуљиќ, со која ја доби ќерката Алба.
По раскинувањето на врската која траеше цели 27 години, сплитската пејачка конечно го најде вистинскиот со кој ги дели истите вредности и поглед на животот. Момчето на Данијела Мартиновиќ е криминалниот инспектор Јосип Плавиќ (49), а првата средба им била професионална, но набрзо се заљубиле.
Сè што ми се случи ми помогна да бидам тоа што сум сега: Искрено со Данијела МартиновиќНејзините зрели години и донесоа мир, чувство на слобода и среќа, па со таа позитивна енергија неочекувано привлече љубов и сврте нова страница во животот, за што проговори за Хрваткиот магазин Глорија.
- Првата средба се случи пред околу една година, кога адвокат во мое име поднесе пријава за кражба на идентитет. Случајот брзо беше решен, а потоа нашата приказна почна да се развива. Се започна со непланиран телефонски повик, кој очигледно мораше да се случи. Откако се запознавме, поминавме многу време разговарајќи и полека почнавме да забележуваме дека споделуваме исти вредности, гледишта за животот и светот околу нас, па дури и некои соништа.Со неа плачеа илјадници луѓе: Данијела Мартиновиќ заплака пеејќи песна која Петар Грашо ја напиша за неа
- Кога најнеобичните околности ќе спојат двајца апсолутни странци, кои дотогаш не знаеле ништо еден за друг, тогаш, секако, ви паѓа на памет дека тоа би можело да биде филмско сценарио. Поминуваме низ многу убави моменти, за кои секако во иднина ќе се изразувам во литературата, бидејќи сакам оваа приказна да остане забележана - истакна пејачката.
ФОТО: Инстаграм