Први симптоми на малигнен карцином: Внимавајте на овие промени на ноктите
Дијагнозата
на малигна болест често е тешка поради незабележителни симптоми во раните фази
на рак
Раните знаци на рак во организмот честопати се
занемаруваат, од незнаење за тоа како оваа болест се манифестира на самиот
почеток.
Голем број луѓе се обраќаат до експерти само кога
болеста напредува, па затоа е многу важно навремено да се препознаат знаците
дека нешто необично се случува во организмот.
Иако повеќето од овие симптоми можат да
предупредат на некои други и поблаги болести, треба да се има предвид дека сите
овие промени се важни и дека е потребно да се следат.
Проблеми со
голтање и засипнатост
Овие потешкотии се поврзани со појава на рак на
хранопроводот и гркланот, а понекогаш тоа е исто така знак за рак на белите
дробови. Засипнатост, тивок глас или чувство на нешто што го притиска гркланот
може да биде ран знак за рак на тироидната жлезда. Чувството дека нешто е во
душникот исто така може да го означи истото.
Честа
треска и инфекции
Ова може да биде знак на леукемија, т.е. рак на
крвни клетки што започнува во коскената срцевина. Леукемијата предизвикува
коскената срцевина да произведува бели крвни клетки неконтролирано, така што
телото повеќе не може да се бори против инфекции. Лекарите често
дијагностицираат леукемија само откако пациентот повторно ќе се пожали на
треска, болка и симптоми слични на грип, кои траат долго време.
Проблеми со
стомакот
Иако болката во стомакот звучи безопасно, ова може
да биде важна промена! Ако го забележите на време, можете да си го спасите
животот, пренесува magazin.hr, бидејќи лекарот ќе ве испрати на ултразвук и ќе
открие можни канцерогени промени.
Грчеви во стомакот или чести проблеми со овој
орган, исто така, можат да бидат знаци за рак на дебелото црево, а многу луѓе
со ваков вид рак откриле дека нивните лекари прво се сомневале дека страдаат од
чир.
Слабост и
замор
Општата слабост на организмот и лесниот замор се
симптоми на разни форми на тумори, затоа е важно да се следат и други
индикатори. Меѓутоа, ако се чувствувате исцрпени без причина и подолгиот сон не
помага да исчезне тоа чувство, консултирајте се со вашиот лекар.
Необјаснето
губење на тежината
Ако забележите дека слабеете, а не сте ја смениле
вашата исхрана, ниту сте физички поактивни од порано, мора да се запрашате како
се случило тоа. Слабеењето може да биде симптом за рак на дебелото црево и
други тумори на дигестивниот тракт.
Промени на
ноктите
Ако имате кафеава или црна линија или точки под ноктите,
разговарајте со вашиот лекар.
Појавата на закривени нокти може да укаже на рак
на белите дробови, а екстремно бледите (па дури и белите) нокти се симптом дека
црниот дроб не функционира како што треба, па затоа може да бидат знак на рак
на црниот дроб.
Хронична
киселина во стомакот и чувство на ситост после мал оброк
Најчестиот ран знак за рак на желудник е болка во
горниот или средниот дел на стомакот, која наликува на металоиди. Ако ова
чувство се влоши по оброкот, време е за преглед.
Хронична појава
на „киселини“
Ако сте јаделе пица, киселините се можна реакција
на желудникот, но ако се јавуваат често или не престануваат, можно е да станува
збор за рак на хранопроводот.
Проблеми со
цревата
Запек, дијареја и други промени на столицата често
укажуваат на рак. Ако оваа промена трае подолго од неколку дена и нема посебна
причина за тоа, можно е проблемот да е рак на дебелото црево.
Исто така, не е исклучено тоа да е рак на
панкреас, на кој прво укажуваат масни столици - чести, бледи и со многу
непријатен мирис.
Можеби ќе ве интересира:
Кандидијаза: Спасете се од габичните инфекции на интимата еднаш и засекогаш
Спас за дијабетичари: Една чаша од овој пијалак после оброк, го регулира нивото на инсулин!