Првиот QLED Android TV произведен во Хрватска!
VIVAX е првиот бренд во Хрватска и поширокиот регион кој започна со производство на Android телевизори со врвен квалитет QLED технологија. Новата Q серија на 4K QLED телевизори ќе биде премиерно прикажана на почетокот на септември оваа година на водечкиот европски саем за потрошувачка електроника, на саемот IFA во Берлин.
По долгогодишно искуство стекнато во производството на LED телевизори, брендот VIVAX направи чекор понатаму и лансираше нова серија на 4K QLED телевизори, сертифицирани од Google.
Сертифицираните Google VIVAX 4K QLED телевизорите од Q серијата, се првите телевизори на пазарот кои го користат најновиот оперативен систем Android 11, кој овозможува најбрз и најдобар пристап до сите апликации што може да се преземат од Google Play Store.
Новата Q серија на VIVAX 4K QLED телевизори е со вградени Dolby Atmos® и Dolby Vision® технологиите, кои прават звукот и сликата да бидат совршени. Јасноста и живоста на сликата и звукот овозможуваат вистинско уживање при гледањето, со чувство на кино искуство или како да сте во живо на концерт. Технологијата HDR 10+ овозможува содржината прикажана на телевизорот да биде јасна и реалистична.
Со помош на „вградената“ Chromecast технологија, сите паметни уреди со Android или iOS може брзо и лесно да се поврзат со телевизорот.
Далечинскиот управувач на телевизорот со помош на Bluetooth технологијата овозможува и гласовни команди за побрз пристап до саканата содржина. Давањето на команди преку „Google voice search“ опцијата, ќе ги направи вашите омилени апликации како YouTube или Netflix уште полесни и поедноставни за користење.
Во дизајнот на Q серијата на VIVAX QLED телевизорите, акцентот е ставен на ултра тенката метална рамка за ТВ која врвно се вклопува во секој простор.
Оваа Q серија на VIVAX 4K QLED телевизори доаѓа во 4 дијагонали: 43", 50", 55" и 65".
Секој VIVAX телевизор е подложен на повеќекратни проверки за квалитет за време на производството. Финалната контрола на крајот од производната серија вклучува целосен преглед на секој телевизор, неговите функции и функционирањето на приклучоците. Телевизорите VIVAX ги исполнуваат сите пропишани ЕУ стандарди и ги имаат сите потребни сертификати.
Производствената серија на QLED телевизорите VIVAX се наоѓа во местото Ругвица, кај Загреб и има годишен производствен капацитет од 180.000 уреди.
Новата Q серија на телевизори на Android VIVAX 4K QLED може да се купат на сите продажни места низ Македонија и по пат на онлајн продажба.
VIVAX е бренд кој е наменет за секого.
Доколку не сте знаеле, брендот VIVAX е хрватски бренд на потрошувачка електроника кој постои 18 години и е единствениот бренд на пазарот кој нуди најширок асортиман на уреди, задоволувајќи ги сите реални потреби на потрошувачите. Моменталната палета нуди над 300 производи во 5 основни категории: клима уреди, ТВ и аудио уреди, бели техника и вградна бела техника, мали апарати за домаќинството и паметни уреди.
VIVAX производите моментално се продаваат на повеќе од 35 пазари ширум светот, со што брендот VIVAX им се придружува на останатите хрватски брендови кои сѐ повеќе добиваат глобален карактер. Дознајте повеќе за брендот на vivax.com.
VIVAX. Едноставно квалитетно.
ПР објава