Прво највисоко оценето розево вино во Македонија – Château Peyrassol доби светска потврда од Роберт Паркер ,,Wine Advocate’’
Роберт Паркер ,,Wine Advocate’’, познатата американска публикација за вино
која ги содржи советите на еден од највлијателните и најпознатите вински
критичари во светот Роберт Паркер го оцени розевото вино Château Peyrassol со 92 поени, на скала од
100. Со тоа, ова вино е првото розево вино кое е присутно на македонскиот пазар
кое добило толку висока оцена. Паркер,,Wine Advocate’’препознатлив
е по скалата за оценување од 50 до 100 поени врз основа на бојата, аромата,
вкусот и завршницата како и целокупното ниво на квалитет и потенцијал на
виното.
Château Peyrassol веќе неколку месеци е застапено на македонскиот пазар. Во текот на летото ги освојуваше вкусовите на сите љубители на вино, а неговиот квалитет се потврди со оваа оцена која ја доби од најинфлуентните вински критичари на Роберт Паркер ,,Wine Advocate’’.
Оние кои го познаваат строгиот став на Паркер ,,Wine Advocate’’ и ги следат нивните досегашни критики веќе знаат дека доколку не го пробале досега, Château Peyrassol дефинитивно мора да биде следното вино на нивната листа во кое ќе уживаат.
Виното може да го најдете во малопродажба во Wine Berry- вински бар и продавница, како и во повеќе познати локали во Скопје и Охрид.
ПР објава