ПСИХИЈАТАР ЗА ДЕЦА СО СОВЕТ ЗА РОДИТЕЛИТЕ: Вака се растат и одгледуваат среќни деца

Добивај вести на Viber

Среќата на детето е на врвот на приоритетите на секој родител. Еве како кај детето да развиете и негувате позитивен поглед на свет.

Секој ден посветете дел од денот во кој детето е „центар на светот“, советува д-р Џојс Нолан Харисон, психијатар специјализиран за работа со деца и адолесценти во болницата „Џон Хопкинс“. Тоа време нека виде само за вас, без некој да ви здодева. Одложете го телефонот, не одговарајте на мејлови, бидете „лице в лице“ со детето. Посветете му целосно внимание, детето да избере што сака да прави, играјте со него, но онака како што тоа сака, е не вие.

Научете го дека и неуспехот е дел од животот. Ова е веројатно една од најтешките задачи за родителитте. Но, мора да го пуштете да згреши, за да научи од тие грешки. Тоа е единствениот начин да не ги фати животот неподготвени. Детето мора да научи да се бори за себе во овој свет, но доволно близу за да му подадете рака кога е неопходно.

Пофалете ги децата, ама на правилен начин. Ако добие петка на училиште, кажете му дека сте годри, но потенцирајте дека сте горди поради трудот кој го вложил, а не поради оценката.

Не го споредувајте детето со другите деца. Ако тоа се однесува неубаво, нема смисла да му говорите „види како е добар“. Наместо тоа, објаснете му на начин прилагоден на неговата возраст, дека такво однесување не е прифатливо, без вовлекување на „трето лице“.

Научете го детето да биде благодарно. Но, не само поради материјалните работи. Нека биде пракса пред спиење да поразговарате за нешто што му го разубавило денот.

Не се трудете да ги сокриете негативните работи од детето. Иако секој родител сака да ги заштити своите деца, мора да ги подготви на тоа дека во животото има и неубави работи. Позитивните приказни се добри, но некои негативни примери може да бидат корисни бидејќи детето го учат на тоа дека тешкотиитте може да се надминат.