Психоделичните „Софт машин“ за првпат во Скопје

Добивај вести на Viber

Култниот бенд “Soft Machine” кој заедно со „Pink Floyd“ ја создадоа британската „underground” сцена во шеесетите години, доаѓа за првпат во Скопје на ексклузивен концерт на 14ти март (среда) во Станица 26, со почеток во 21 часот во организација на 3Гонга

Како еден од најоригиналните психоделични бендови, „Soft Machine“ги поставија стандардите за прогресивен, експериментален и психоделичен рок и џез рок и со тоа го обезбедија своето место меѓу највлијателните британски музичари на сите времиња.

Името на бендот е инспирирано од новелата на познатиот американски писател Вилијам Бароуз. Бендот потекнува од Кентербери и во шеесетите години биле едни од централните бендови на оваа музичка сцена. Иако имаат досега постигнато огромен комерцијален успех, музичкиот он лајн водич „AllMusic“ ги опишува како еден од највлијателните бендови на андреграунд сцената.

Нивната музика има широк спектар од психоделија, преку алтернатива до поп музика. На почетокот од нивното музичко патешествие, оваа група свиреше на истата музичка сцена рамо до рамо со Пинк Флојд, во познатиот лондонски U.F.O. Club од шеесетите години.

Тие се едни од ретките, чиј звук се уште може да се дефинира како иновативен и неконценвионален, но едновремено богат и повеќеслоен. Нивниот звук е резултат на сериозна музичка писменост и суптилно експериментирање со мелодијата. Низ историјата низ бендот продефилирале голем број музичари познати на рок, џез и поп сцената како: Robert Wyatt, Mike Ratledge, Hugh Hopper, Daevid Allen, Kevin Ayers, Elton Dean, Allan Holdsworth, John Marshall… 

Во Скопје доаѓаат во состав: Џон Етериџ на гитара, Рој Бабингтон бас, Џон Маршал на тапани и Франс Николас на клавијатури.

Тие се едни од најинфлуентите бендови на минатиот век, особено на андерграунд сцената.

Досега Софт машин имаат реализирано безброј европски и светски турнети, а во 1968 година имаа голема американска турнеја со Џими Хендрикс.

Турбулентната историја на овој бенд и нивната богата дискографија и артистичка визија им обезбедија сериозна и значајна улога во рокенролот.

Ова ќе биде настан кој ќе се памети!

Билети по цена од 1000 денари.