Публиката ја обожуваше, долго ја нема во јавност: Еве како изгледа денес првата водителка на „Ѕвездите на Гранд“
Инес Гавриловиќ е добро познато име за сите кои од првата сезона го следат музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Некогаш Инес беше најпопуларната водителка во регионот, која ја обожаваше публиката, а сите уметници кои соработуваа со неа немаат ништо друго освен пофалби за неа.
Инес беше водителка на „Неделно попладне“, по што беше прва водителка на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“. Тогашните учесници и по две децении со симпатии се сеќаваат на атрактивната водителка.
Зборуваше толку брзо што се создаде хумористична „клетва“ која гласеше: „Дабогда зборува како гостин кај Инес Гавриловиќ“, но и покрај тоа никој не го пропушташе „неделното попладне“ што таа го водеше.
- Како не се сеќавам на Инес, таа беше прекрасно суштество и не го велам тоа затоа што и бев фаворит (се смее). Искрено ви велам, секогаш беше насмеана, но не лажно, за камерите, туку искрено и од срце – открила во една прилика пејачката Славица Ќуктераш, а пренесува „Глоси“.
Таа откри и дека Инес никогаш немала „жолти минути“.
-Никогаш не се нервираше за време на снимањето, а камоли да се расправа или да им вика на кандидатите. Беше навистина прекрасна, верувам дека и денес е таква - изјави Славица.
Инес се издвојуваше по елоквентноста, но и по многу брзиот говор во кој понекогаш имаше и лапсуси, а со тоа само заработи уште повеќе симпатии кај публиката.
Меѓутоа, кога беше на врвот на популарноста, водителката реши да се повлече од јавната сцена, а во една прилика истакна дека нема желба јавно да се експонира. Како што некогаш пишуваа српските портали, Инес се појавувала на изложби на кучиња, а денес е посветена мајка и семејна жена.