Работи кои не ги знаете за луѓето кои ја диктираат светската мода
Том Форд е еден од најпознатите дизајнери, а по образаование образование е архитект. Додека конкурирал за првата работа во светот на модата, го криел овој податок од работодавачите.
Првата работа ја добил така што секојдневно ја барал дизајнерката Кејти Хардвик за да го вработи. Не мислела дека е психопат, но мислела дека нема да успее. Сепак, му дала шанса и работел како нејзин асистент две години.
Том е врвен дизајнер, но и одличен филмски режисер.
Карл Лагерфелд е упорен на полето на дизајнот. Но, знаете ли дека е упорен и во диетите. Пред 17 години, ослабе 42 килограми за да може да ја носи омилената облека.
Марк Џејкобс откако преживеал тешко детство, сега е успешен маж. Поради менталната болест мајака му не можела да се грижи за него, па пораснал со баба му.
Љубовта кон модата го доведе до врвот на светската модна сцена.