Ракот на панкреас е најтешко да се открие: Оваа опасна болест го уби Маринко Роквиќ а ова се првите симптоми

Добивај вести на Viber

Само петнаесет сантиметри долг и сместен зад желудникот, главната задача на панкреасот е да ви помогне да ја сварите храната и да го контролирате нивото на шеќер во крвта.

Ракот на панкреасот е многу смртоносен и исклучително тешко да се открие. Луѓето обично ги игнорираат првите симптоми, додека ракот не се прошири на другите органи.

Ако забележите некој од следниве симптоми, јавете се на вашиот лекар и проверете дали се е во ред со вашиот панкреас.

Вака се манифестира оваа опасна болест:

Очите и кожата се жолти

Кога кожата и белките ќе пожолтат, никогаш не е добро. Ова може да укаже на различни здравствени проблеми, вклучувајќи алкохолизам, откажување на црниот дроб и рак на панкреасот.

Без оглед на причината, ова е еден од симптомите што никогаш не треба да ги игнорирате.

Надуеност

Надуеноста после обилен оброк е нормална појава, но доколку таквата состојба трае со денови тоа е знак на тревога. Како што растат туморите на панкреасот, тие можат да предизвикаат истегнување на желудникот. Ова е обично еден од првите симптоми кои жените го забележуваат, но често го игнорираат, бидејќи не сметаат дека надуеноста е поголем проблем.

Губење на тежина

Губењето на апетитот предизвикано од рак на панкреасот може да доведе до брзо губење на тежината. Слабеењето што треба да ве загрижи е губењето на повеќе од 5% од телесната тежина во опсег од шест месеци до една година. Ако не можете да го објасните губењето на тежината од која било друга причина, консултирајте се со лекар.

Болка во долниот дел на грбот

Како што расте туморот на панкреасот, тој врши притисок не само на внатрешните органи, туку и на долниот дел од 'рбетот и мускулите на грбот, предизвикувајќи постојана, досадна болка.

Темна боја на урината

Темната боја на урината е знак за дехидрација, но често е првиот знак на жолтица што луѓето го забележуваат. Бидејќи туморот предизвикува помала секреција на жолчката и зголемено ниво на билирубин во крвта, урината станува кафеава. Доколку зголемениот внес на вода не ја врати бојата на урината во нејзината нормална боја, консултирајте се со доктор.

Болки во стомакот

Иако се чини дека нема потреба да се грижите за болки во стомакот, факт е дека тоа може да биде еден од раните симптоми на рак на панкреасот.