РАСКАЖА ИНТИМНИ ДЕТАЛИ: Кендал Џенер ја откри сексуалната ориентација

Добивај вести на Viber

Кендал Џенер (22) одлучи да ги раскаже интимните детали од својот живот и откри дека е во врска со кошаркарот Блејк Грифин.

Манекенката од шоуто „Во чекор со Кардашијанови“ за американски Вог открила интресни детали.

На прашањето на новинарот за Блејк, најпрво го претставила како пријател, а потоа рекла дека е среќна што има партнер кој убаво се однесува кон неа.

Во интересното интервју открила дека за разлика од својата сестра Кајли, не сака да има дете пред 28 или 29 година, а се осврнала и на приказните дека ја привлекуваат жени.

„Мислам дека тоа е затоа што не сум како моите сестри кои се во фазон: „Ова сум јас и ова е мојот дечко“!. Мене никој никогаш не ме видел до дечко. Ја одржувам врската со момчиња така што се кријам цело време. Тоа не би го посакале, бидејќи е премногу лудо“, рекла Кендал.

Потоа додала:

„Не сум геј и никогаш не би криела такво нешто“.