Рецепт на денот: Ако имате 3 компири и 3 јајца, направете ја оваа пита - се пече за 15 минути
фото:Printscreen/YouTube/Yummy from Veronica
Питите се омилено јадење бидејќи се прават лесно и брзо, особено ако не ви требаат кори. Само измешајте ги состојките и испечете.
Оваа пита со компири и јајца е толку едноставна и вкусна што секогаш ќе ја правите. Покрај овие 2 состојки, потребно ви е и сирење.
Состојки:
3 компири
3 јајца
1 китка магдонос
2 лажици брашно
150 гр сирење
сол, бибер, црвен пипер
Подготовка:
Изрендајте ги компирите, па потопете ги во вода. Исечкајте го магдоносот, па измешајте со јајцата и зачините и изматете. Компирите процедете ги, додадете брашно и промешајте. Истурете ги јајцата и измешајте сè. Половина од смесата истурете ја во тавата во која сте го загреале маслото, убаво наредете, па ставете ги парчињата сирење и прелијте ја другата половина од смесата. Покријте и печете околу 15 минути, па свртете, додадете уште малку масло и печете покриено уште 7 минути.
Добар апетит!Брз и евтин ручек за помалку од 100 денари: Вака приготвен компир не сте пробале (ВИДЕО РЕЦЕПТ)
Омилениот десерт кој го правеше цела Југославија: Рецепт за торта „Династија“