Брз и евтин ручек за помалку од 100 денари: Вака приготвен компир не сте пробале (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Одличен предлог за оброк без месо

Немате месо, само компири, а сакате брз и сочен ручек?

Нема проблем, подгответе ги компирите на малку поинаков начин и добијте супер вкусно јадење.

Со додавање на ајвар, лук и млад кромид ќе заборавите на месото.

На крајот на краиштата, најдобро е да се обидете и да се уверите сами!


За подготовка на овој брз и евтин ручек потребни ви се овие намирници:

- 2-3 поголеми компири

- сол и малку мешан зачин

- мелен бибер

- 1 лажичка лук во гранули/може и свеж лук

- 1 лажица ајвар

- 2 млади кромидчиња

- малку толчени пиперки

- масло за готвење


Начин на подготовка:

Компирот излупете го и исечете го на тенки парчиња - кругчиња. Додадете масло, сол, малку мешан зачин, бибер, лук, ајвар, сечкан млад кромид и толчени пиперки и сè измешајте.

Намачкајте ја тавата со масло и наредете ги компирите. Додадете 2-3 лажици вода и покријте со капак или со алуминумска фолија.

Гответе на тивок оган 20 минути.

Бон апетит!



Фото и Видео: Youtube

Можеби ќе ве интересира:

Кето бајадери: Повкусни се од класичните, две коцки ќе ви бидат доволни за цел ден