Најпопуларниот десерт на слави: Баклава со ореви (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Добивај вести на Viber

Најпопуларниот десерт на прослави и веселби, детални упатства за баклава со ореви.

Потребно е за помала количина:

-Тенки готови кори

-300 гр мелени ореви

-400 гр шеќер

-400 мл вода

-1 лимон

-2 ванилин шеќер

- масло

Подготовка:

Најпрво смелете ги оревите, тенката кора раширете ја и премачкајте со масло па свиткајте на половина и премачкајте, и овторно свиткајте и премачкајте. По должината распоредете една полна лажица ореви и завиткајте во триаголник. Редете во подмачкан плех и печете на 200 степени 30 минути.


Додека баклавата се пече, направете го шербетот. Во сад ставете шеќер, вода, ванилин шеќер и оставете да зоврие и да стане шербет. Кон крајот, додајте ги парчињата лимон.

Испечената топла баклава полека прелијте ја со врелиот шербет.

Оставете неколку часа баклавата да го впие убаво шербетот, по можност навечер...


Пријатен апетит!


Извор: bakinakuhinja

*Пр објава


Ни грам брашно, ни капка млеко: Најсочната торта со портокали на светот е готова за 30 минути (РЕЦЕПТ)

Рецепт на денот: Раскошна крем торта со прекрасен изглед и уште поубав вкус

Рецепт за посна штрудла која се меси со чај: Ќе добиете меко и воздушно тесто кое ќе ја задржи свежината 3 дена по печењето