(РЕЦЕПТ) Ослич со зеленчук: Што да јадете за Велигденските пости

Добивај вести на Viber

Продолжуваме да споделуваме со вас предлог рецепти за посен ручек, имајќи предвид дека се Велигденски пости, кои траат 48 дена.

Постот е идеално време да се заборават пекарите, супермаркетите, готовите и спакувани (прочитајте нездрави) производи и да се свртиме кон старите домашни рецепти. Токму затоа Женски магазин, ќе ви понуди посни рецепти, кои веруваме ќе ви помогнат во деновите кога едноставно немате идеа што да зготвите а да биде посно.

Денес предлагаме да направите ослич со зеленчук.

Состојки:

-600 гр ослич филети ,

-4 големи домати,

-4 главици кромид,

-4 лажици маслиново масло,

-2 лажици сецкан свеж магдонос,

-сол,

-пипер

Подготовка: 

Загрејте ја рерната на 200 степени. Измијте ги доматите и исечете ги тркалца.

Излупете го кромидот и исечете го на тенки парчиња. 

Распоредете ги доматите и кромидот на дното на огноотпорнен сад и наредете ги филетите од ослич над зеленчукот. Намачкајте со масло, сол и бибер по желба и печете 30-40 минути. Непосредно пред сервирање, додадете сецкан магдонос. Послужете со варен компир.

Пријатен ручек.

Foto: Ilustracija - Freepik.com

Прочитајте ги и овие рецепти за Велигденските пости:

(РЕЦЕПТ) Плескавици од риба: Што да јадете за Велигденските пости

(РЕЦЕПТ) Ароматичен ѓувеч со зеленчук: Што да јадете за Велигденските пости

(РЕЦЕПТ) Највкусното посно гравче од манастирот Хиландар: Што да јадете за Велигденските пости