(РЕЦЕПТ) Посна погача мека како душа: Што да јадете за Велигденските пости
Женски магазин продолжува да ви дава идеја за посни рецепти за време на Велигденските пости.
За денес предлагаме да следите неколку лесни и едноставни чекори со кои ќе направите фантастично пециво.
Направете погача која не само што е вкусна, туку е и декоративна.
Состојки:
-400 мл млака вода
-20 гр квасец
-1 лажичка шеќер
-50 мл маслиново масло
-малку сол
-600-650 гр брашно
Подготовка:
Квасецот се раствора во млака вода, се додава шеќер и се остава малку, па кога ќе нарасне, се додава брашно, масло, сол и се замесува мазно тесто. Оставете го да нарасне, а потоа промешајте. Поделете го тестото на 6 топчиња од 80 гр и 6 топчиња од 60 гр.
Ќе остане еден дел од тестото што ќе ви треба за средина. Обработете ги топчињата, па покријте ги со фолија да одморат некое време, околу 5-6 минути. Развлечете ги топчињата во должина 10-12 см и ширина 8 см, а потоа исечете ги на половина на 12 ленти до половина од тестото.
Првата лента малку свиткајте ја, следните три во опашка, па следната само завиткајте, па опашка и така по ред. Од горниот дел направете кифла надолу .
Плехот во пречник 24-26 цм обложете го со хартија за печење , па редете го тестото во круг. Другите помали топчиња исто така развлечете ги долго, па исечете ги на што потенки ленти до половина на тестото и свиткајте кифла.
Кифлите редете ги под претходните кифлички. Во средината ставете мало кругче, а околу него мала кифличка која ќе ја направите од тестото. Покријте го да нарасне, па премачјакте со масло и наросете со семенки и крупна сол. Печете на 200°C околу 50 минути.
ФОТО: Printscreen You Tube/bakina kuhinja
Прочитајте повеќе посни рецепти:
(РЕЦЕПТ) Слатка зелка за цело семејство: Што да јадете за Велигденските пости
(РЕЦЕПТ) Топла компир салата со туна: Што да јадете за Велигденските пости(РЕЦЕПТ) Ослич со зеленчук: Што да јадете за Велигденските пости
(РЕЦЕПТ) Плескавици од риба: Што да јадете за Велигденските пости